Тен Хаг доби ултиматум од раководството на Манчестер јунајтед
Според последните информации, Тен Хаг добил ултиматум и мора да победи на следните два меча против Порто и Астон вила за да си ја задржи работата.
„Ѓаволите“ ќе мора да платат околу 23 милиони евра доколку му ја прекинат соработката предвреме, затоа што договорот на Тен Хаг важи до 2026 година.
Како кандидат за негова замена се споменува името на поранешниот напаѓач Руд Ван Нистелрој.