ВАР во Хрватска поништи комичен гол каков што ретко може да се види! (ВИДЕО)

Вчера колото во најдобрата хрватска лига беше комплетирано со мечот меѓу Горица и Славен Белупо кој го добија домаќините со 2-1.

На овој натпревар се случи еден интересен момент, беше постигнат бизарен гол кој ВАР оправдано го поништи.

По нафрлување од корнер, Марио Малоч со глава ја удри топката, а таа се одби од тревата и со чудно ефе заврши во голот. Сепак овој необичен погодок беше поништен поради фаул врз голманот.