![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/11/248221-shvegjanec-vo-napadot-na-kataloncite-isak-e-prv-prioritet-na-barsa.jpg?itok=p3q0yasR)
Швеѓанец во нападот на „каталонците“: Исак е прв приоритет на Барса
На него, наводно, инсистира Ханси Флик кој сака да додаде млада крв во нападот, покрај Роберт Левандовски кој во август ќе наполни 37 години. Исак сезонава игра одлично во дресот на Њукасл, се наоѓа на третото место на листата на стрелци во Премиер лигата со 17 гола и е меѓу најзаслужните за добрите резултати на неговиот тим во пооследно време.
Позитивно кај него е и тоа што има искуство во шпанскиот фудбал бидејќи од 2019 до 2022 година беше член на Сосиедад. Интерес за Исак покажаа и Ливерпул и Арсенал, но наводно желбата на фудбалерот е да се пресели во Барселона.