Што лошо кажал Елмас? Прочитајте ја изјавата поради која Наполи го казни!

Вистински шок вечерва дојде од Неапол за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, откако актуелниот вицешампион Наполи објави дека ќе го казни макеоднскиот бисер поради давање на изјави во момент кога клубот после хаосот под Везув објави „силенцио стампа“ што значи дека никој од клубот не смее да контактира со медиумите.

Елмас за „Кориере дело Спорт“ изјавил дека Наполи и покрај лошите резултати има шанси за титулата, иако се наоѓа на 13 бода заостаток зад актуелниот првак Јувентус.

Наполи е во сериозна резултатска криза, поради која избувна голем хаос со војна помеѓу фудбалерите и управата за казната со карантин, по што против себе ги свртеа и навивачите.

„Наполи сè уште има шанси за 'скудетото' сезонава, зашто уште е почеток на сезоната. Јувентус е во пол-позиција и има најсилен состав, но како што титулата може да се освои, така може и да се загуби. Има многу тимови во трката, како Интер, Наполи, Рома и ќе биде неизвесно до самиот крај. Не ми е товар што сум најплатен македонски фудбалер, туку фокусиран сум на работа и како да бидам подобар“, рекол Елмас, кој патем продолжил за следниот противник Милан.

„Ќе биде тешко, но ќе дадеме сè од себе за три бода. Јас сум среќен што играм во Италија и во Наполи, кој е еден од најдобрите клубови во Серија А.