Шпанија се подготвува за најцрното сценарио: Познато кога сезоната може да се поништи!

Шпанија е една од најпогодените змеи во Европа од коронавирусот, кој направи ршум на Пиринеите, па секојдневно доаѓаат ужасни бројки од починати и новозаболени во епидемијата која после Италија експлодираше и сега со најригорозни мерки, властите се обидуваат да ја спречат пандемијата.

Нормално, кога земјата е под сериозна здравствена закана, на никого не му е до спорт, а иако до пред две недели имаше оптимизам за кога, во преден план, Ла Лига би продолжила да се игра, полека во една од најсилните светски лиги се подготвуваат за најцрното сценарио – сезоната да се поништи.

Првиот човек на Ла Лига веќе имал видео-конференција со елитните клубови, со второлигашите, со раководството на европската клупска асоцијација (ЕКА) и полека се разработуваат сите сценарија, но ниту едно не е сигурно, зашто никој ниту може да предвиди, ниту со сигурност да каже, кога безбедносната здравствена закана ќе помине за фудбалерите да се вратат на терен.

Поради развојот на комплетната ситуација во Шпанија, пред сè со галопирачкиот раст на заболени и починати, Ла Лига го има и подготвено најцрното можно сценарио, а тоа е кога да прогласи поништување на сезоната. Веќе е избран и датумот, како што објавува „Марка“, а тоа е 27 јуни.

„Ако не почнеме до тогаш, ќе биде невозможно да се заврши“, рекле од Ла Лига.

Ако се случи ова најмалку посакувано сценарио, нешто што и Александер Чеферин го најави пред два дена, Ла Лига ќе ѝ ја предаде должноста на УЕФА да избере шампион, или во најмала рака да ги избере европските учесници, а да пресече и дали ќе има испаѓање и промоија или не.

Чеферин посочи дека ако лигите не започнат до крајот на јуни тогаш ќе бие неминовно поништувањето на сезоната, за што се надева дека нема да се случи, а веќе е извесно дека сезоната ќе се пролонгира до август и веќе утре со нова видео-конференција, УЕФА ќе ги достави предлозите за новиот преуреден календар, сега со датум за рестарт во јуни (првиот план беше почетокот на мај).