Шпанците тврдат: Гризман и Парти се селат во Лондон

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, започна да го склопува тимот за наредната сезона во која има големи очекувања.

Имено, откако договорите им беа продолжени на Сака и Мартинели, Артета својот фокус го насочил кон донесување на нови имиња.

Долго време фудбалерот на Атлетико, Томас Парти, се поврзува со Арсенал, а сега, шпанските медиуми пишуваат дека е многу близу до преселба во Лондон. Но, тоа нема да биде единствената цел на Артета.

Исто така „топчиите“ ќе се обидат да го донесат и фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман, кој е се поблизу до излезната врата од „Ноу Камп“, поради честите расправии со Лионел Меси, како и лошите игри во дресот на каталонскиот гигант.

Двајцата би можеле повторно да играат во ист тим (играа заедно во Атлетико), а тоа би биле две огромни засилувања за екипата предводена од Микел Артета.

Постои опција Обамејанг и Гендузи да заминат во Барселона размена за Гризман, но и опција за пари и Гендузи, секако ако Обамејанг реши да ја продолжи соработката.