Шок за Сити: Борбата за титулата ја продолжуваат без најдобриот играч

Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујн се повреди минатиот викенд на натпреварот против Тотнем. Повредата на задната ложа е таква и ќе мора да паузира барем две недели. Де Брујн најрано може да се врати на 12 мај, кога Сити гостува кај Брајтон во последното коло од Премиерлигата.

Повредата дојде во најлош можен момент за „граѓаните“, кога се борат за титулата со Ливерпул и секој бод им е важен. Сити и без него игра одлично и некако го надокнадува отсуството на креативниот фудбалер од средниот ред.

Белгиецот сезонава мака мачи со повредите и пропушти дури 26 меча во сите натпреварувања. Тој прво ги повреди лигаментите на десното колено поради што отуствуваше девет недели, потоа го повреди и левото колено за кое отсуствуваше шест недели. Штета за Белгиецот.