Шок во Реал Мадрид: Серхио Рамос размислува за заминување

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос наводно размислува дали да ја продолжи кариерата во тимот или да бара нов предизвик во друг клуб. 

Ова информација се појави во шпанските медиуми, а набрзо се прошири и во англискиот печат. Рамос имаше тешка сезона со „кралевите“, а беше цел на навивачите откако намерно доби жолт картон на гостувањето кај Ајакс во Лигата на шампионите, а потоа во Мадрид неговиот тим загуби со 1-4 и доживеа елиминација во осминафиналето. Навивачите беа уште поразочарани кога открија дека Рамос снимал документарен филм за себе додека седеше во ложата.

Наводно дефанзивецот и претседателот Флорентино Перез се во лоши односи, откако првиот човек на клубот влегол во соблекувалната по поразот од Ајакс и им се нафрлил на фудбалерите. 

Рамос пред четири години беше многу близу да се пресели во Манчестер јунајтед, но тогаш се премисли и потпиша нов договор со Реал Мадрид, кој сега истекува во 2021 година. 

Јунајтед повторно е заинтересиран за Шпанецот, а во игра може да влезе и ПСЖ.