Шок во Париз: Мбапе не сака да потпише нов договор со ПСЖ!

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не сака да го продолжи договорот со францускиот шампион затоа што има желба да се пресели во редовите на Реал Мадрид.

„Марка“ објави дека 20-годишниот напаѓач има договор до 2022 година, но не е задоволен во Париз и одбива да разговара за нова соработка.

Управата на парижаните имаше намера да му го продолжат договорот до 2025 година, а притоа му понудија и плата од 25 милиони евра годишно, но Мбапе не сака да ги прифати нивните услови.

„Кралевите“ веќе долго време го следат, па би можеле наскоро да го откупат од ПСЖ.