Шок во Минхен: Баерн ги прекина преговорите со една од своите ѕвезди

Германскиот гигант Баерн Минхен долго време преговараше со Џошуа Кимих за нов договор, меѓутоа новите информации покажуваат дека тимот се повлекол од преговорите.

„Билд“ објави дека Баерн ја повлекол најновата понуда испратена до Кимих, според која фудбалерот требаше да добива по 20 милиони евра годишно.

Медиумот пишува дека раководството на гигантот не е задоволно од односот на фудбалерот, кој има договор до крајот на сезоната.