Шок на Островот: Избоден млад фудбалер на премиерлигаш!

Младиот фудбалер на Астон вила, Бредли Јанг беше избоден во близина на фудбалските терени во Бирмингем.

Според англиските медиуми, инцидентот се случил пред неколку дена, односно во петокот, по што 17-годишното момче завршило во болница.

Сепак, за среќа нема поголеми последици за него, додека напаѓачот е уапсен, а засега не се открива причината за нападот.