Шок меѓу „росонерите“: Довчерашен тренер на Јувентус ќе го води Милан?

Милан од пред неколку дена официјално има нов спортски директор во поранешниот албански репрезентативец Игли Таре, а тој веќе ја донесе својата прва важна одлука.

„Росонерите“ идната сезона ќе имаат нов тренер, Сержо Консеисао сигурно ќе биде отпуштен, но решението за негов наследник е шокантно за навивачите на миланскиот клуб. Станува збор за Тијаго Мота кој до пред неколку месеци го предводеше Јувентус и немаше голем успех со овој клуб. Раководството на Јуве го избрка по серијата лоши резултати и на негово место го постави Игор Тудор кој ја доврши сезоната и го однесе тимот во Лигата на шампионите.

Милан имаше очајна кампања и покрај тоа што ја заврши со трофеј од италијанскиот Суперкуп. Заврши на осмото место во Серија А и идната сезона нема да игра во европските купови.