Шевченко: Состојбата во Италија е како во Чернобил, докторите се наши херои!

Украинецот Андриј Шевченко ја спореди сегашната состојба во Италија со катастрофата во Чернобил.

Поранешниот фудбалер на Милан даде поддршка до италијанскиот народ, кој е еден од најпогодените од пандемијата на коронавирусот.

„Им благодарам на докторите, тие се вистински херои на нашето време. Ситуацијата е многу слична на Чернобил. Поминавме низ вакви работи. Секогаш сум со вас. Мора да ја поправиме ситуацијата“, кажа Шевченко.

Италијанската Серија А, како и останатите натпреварувања беа прекинати поради Ковид-19, па засега нема точен датум кога ќе продолжат возбудувањата, иако се шпекулира дека тоа би можело да се случи на крајот на мај.