Шефилд го растури Тотнем: Мурињо ќе се жали на „ВАР“ (ВИДЕО)

Шефилд јунајтед го совлада Тотнем со 3-1 во рамки на 32.коло во Премиерлигата. Натпреварот предизвика многу дебата на социјалните мрежи поради еден поништен гол на гостите од Лондон.

Сандер Берге го отвори резултатот по половина час игра и му донесе водство на домашниот тим од 1-0. Се чиеше дека Тотнем брзо израмни, поточно само три минути подоцна, но голот на Хери Кејн беше поништен од ВАР. Ситуацијата беше доста сомнителна, бидејќи беше досудена игра со рака на Лукас Мура, кој беше фаулиран од домашните фудбалери пред топката да се одбие до Кејн. Оваа одлука предизика голема дебата на социјалните мрежи. Жозе Мурињо дефинитивно ќе има што да каже за ова.

Лис Мусет само три минути откако влезе во игра, поточно во 69-тата зголеми на 2-0 за Шефилд. Домаќините погодија уште еднаш во мрежата на Спарс, поточно во 84-тата кога Оливер Мекбрни дефинитивно ги обезбеди бодовите. Кејн во 90-тата минута само го ублажи поразот на Тотнем за конечни 3-1.

Со оваа победа Шефилд го прескокна Тотнем на табелата и сега е на седмото место со 47 бодови, додека тимот на Мурињо е две позиции подолу со два бода помалку.