
Шампионот непрепознатлив: Милан падна во Торино (ВИДЕО)
„Росонерите“ иако почнаа одлични и во првите пет минути имаа две големи шанси преку Рафаел Леао, не погодија поради очајната реализација на Португалецот. Тоа го казни Торино, кој за две минути постигна два гола во 35-тата и 37-та минута. Прво погоди дефанзивецот Кофи Џиџи по центаршутот на Лазаро од слободен удар. Кратко потоа уште една лоша игра на шампионот во одбраната и Алексеј Миранчук го матираше Ципријан Татарушану од тежок агол.
Во второто полувреме, тренерот Стефано Пиоли реагираше со три измени кои внесоа малку живост, но недоволно за пресврт. Жуниор Месијас само го намали поразот во 67.минута откако искористи грешка на голманот Вања Милинковиќ-Савиќ.
За Милан ова е втор сезонски пораз и сега падна на 3.место со 26 бодови, дури шест помалку од лидерот Наполи. Торино по двете врзани победи сега има 17 на 9.место на табелата.