Севилја понудила 2,5 милиони евра за Димитриевски и експресно била одбиена од Рајо Валјекано

Шпанска Севилја, поранешниот освојувач на Лига Европа понудила 2,5 милиони евра за да го купи македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, членот на мадридски Рајо Валјекано, но експресно била одбиена.

Шпанска „Марка“ објави дека андалузискиот гигант, кој веќе потроши 100 милиони евра досега летово на засилувања, во потрага за голман испратила понуда до Рајо, но раководството на мадридскиот клуб експресно ја одбиле, зашто цената на македонската „единица“ е шест милиони евра, иако „пчелите“ во новата сезона ќе играат во втората лига.

Севилја е втор клуб кој официјално понудил сума за Димитриевски, покрај Еспањол, чија понуда исто така ја одбиле од Рајо. Понудата на каталонскиот клуб била вкупно 4,5 милиони евра, но со бонуси вклучени за трансферот. Инаку и Валенсија пред неколку месеци беше заинтересирана, но засега од „Месталја“ нема понуда за Димитриевски.