Северна Кореја цензурира три премиерлигаши поради - Ј. Кореја!

Во Северна Кореја е забрането да се гледаат натпревари на три премиерлигаши, а причина е Јужна Кореја, односно фудбалери кои доаѓаат од таа држава.

На жителите во С. Кореја им е забрането да ги гледаат натпреварите на Тотнем, Брентфорд и Вулверхемптон поради тоа што таму настапуваат фудбалери од Ј. Кореја.

Еден од најдобрите фудбалери на Ј. Кореја, Сон Хеунг-Мин игра за Тотнем, Хванг Хи-Чан го носи дресот на Вулверхемптон, додека Ким Џи-Су е во редовите на Брентфорд.