Серија А му оддаде признание на Пандев: Човекот кој освои сѐ! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев неодамна си го исполни сонот, а тоа е да се пласира на Европското првенство со Македонија. Доказ дека напаѓачот е жива легенда во Серија А покажаа и лицата кои ја водат Твитер страната на Калчолигата.

Серија А му оддаде признание на Пандев за сите трофеи кои ги освои во кариерата. Македонскиот фудбалер дури пет пати го освојуваше Купот на Италија, а двапати се закити со титулата во Суперкупот на Италија.

Освен овие трофеи, Пандев успеа да ја освои Серија А, Лигата на шампиони, Светското клупско првенство, турската Суперлига и турскиот Куп.