Се зголемуваат главоболките за Артета, му се повреди и трет стопер!
Проблемите се во дефанзивната линија каде Артета веќе не може да смета на повредените Габриел и Салиба, а сега доаѓа информација за повреда и на Москера.
Прогнозите се дека Москера ќе биде надвор од теренот од шест до осум недели поради комплицирана повреда на зглобот која ја заработил против Брентфорд.
На тој меч Москера се повреди по еден доскок и порано мораше да биде изваден. Сега се намалуваат опциите за Артета.
По 14 одиграни меча Арсенал има само еден пораз, тој е на врвот на табелата со пет бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити, а трета е Астон Вила на која денеска ѝ гостуваат.