Екс-голгетерот на Јунајтед го менува клубот, може да се врати и во Европа
Поранешниот голгетер на Манчестер јунајтед донел одлука да ја промени средината и ќе побара нов предизвик, а се споменува и можно враќање во Европа.
Сеул му понуди продолжување на соработката, меѓутоа желбата на напаѓачот била да побара нов предизвик. Последниот натпревар ќе го одигра против Мелбурн сити на 10-ти декември.
Сезонава во дресот на Сеул одигра 40 натпревари во кои постигна 12 голови и подели седум асистенции, додека вкупно зад за овој клуб има 66 настапи.
Фото: EPA