Спектакл помеѓу Роналдо и Меси е реалност на СП!
Според очекувањата, двајцата би требало да се најдат во составите на своите селекции, доколку нема некакви изненадувања или повреди, а тоа за нив би бил шести настап на мундијалите.
Аргентина е во групата „Ј“ со репрезентациите на: Алжир, Австрија и Јордан, додека Португалија е ќе игра со: Узбекистан, Колумбија и една од (Конго, Јамајка и Нова Каледонија) во „К“ групата.
Така пресметка помеѓу Роналдо и Меси би можеле да видиме во четвртфиналето под услов двете репрезентации да ги освојат првите позиции и да ја поминат пречката во осминафиналето.