Фабрегас само за два клуба би заминал од Комо!

Сеск Фабрегас покажува страшен тренерски потенцијал водејќи го Комо, шпанскиот стратег вади повеќе од капацитетот на тимот, па неговото име се поврзува со гиганти.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Фабрегас нема намера да биде тренер на друг тим во Италија, а во Европа би заминал само за два.

Едниот е Барселона, а другиот Манчестер Сити.

За Барселона е јасно, но чудно е како весникот тврди дека Манчестер Сити е вториот тим кога Фабрегас нема поврзаност со овој клуб.

Тој во Премиер лигата играше за Арсенал и за Челси.