Саудискиот принц за Манчестер јунајтед дава неверојатно богатство – 6,8 милијарди долари!
Саудискиот принц веќе двапати се обиде со богата понуда да го купи Јунајтед од американското семејство Глејзер, но тие двапати ја одбија понудата. Сега, веројатно тешко дека ќе одбијат ваква понуда, зашто пред 14 години ги купија „црвените ѓаволи“ за 790 милиони долари и сега најмалку осумпати повеќе може да заработат.
Семејството на Бин Салман има богатство кое се проценува на 1,4 трилиони долари, а ова семејство владее со Саудиска Арабија и ја има комплетната контрола на нафтените постројки, кои и ги носат стотиците милиони долари во државната каса под нивна контрола.
Според „Фокс Спорт“, Глејзерови ако се решат на продажба ќе имаат чист профит од две милијарди долари.