„Сари и Роналдо остануваат во Јувентус“

Италијанскиот великан Јувентус, кој е на праг да ја освои деветата шампионска титула во Серија А во низа останува со Маурицио Сари на кормилото и со Кристијано Роналдо во нападот и никакви промени нема да има летово после завршување за две недели на актуелната продолжена сезона во Калчото по пандемијата со коронавирус.

Фабио Паратичи, директорот на „старата дама“ во разговор за „Скај Спорт“ објавил дека торинскиот гигант нем намера ништо да менува во тимот, иако неколку месеци гласно се зборува пред сè дека Сари поради лошите настапи и неконзистентноста на тимот ќе ја заврши авантурата по само една сезона на клупата.

„Целта на Јувентус е 'скудетото' и само за тоа размислуваме. За ЛШ ќе размислуваме после титулата, а тоа што можам да потврдам е дека Сари останува тренер и тој ќе биде на клупата и во следната сезона. Нема никакви дилеми, управата така реши и така ќе биде. Исто така Кристијано останува со нас, зашто нема никаква вистина во шпекулациите дека си заминува“, рече Паратичи.

Роналдо во последните денови се поврзуваше со враќање во Премиерлигата и тоа во Њукасл, кој треба да биде преземен од моќното кралско семејство од Саудиска Арабија, од престолонаследниот Мохамед Бин Салман.