Меси-шоу на северот на САД - два гола и две асистенции од аргентинскиот генијалец (ВИДЕО)

Интер Мајами ја оствари третата победа во низа, совладувајќи го Њу Ингланд како гостин со 4-1, а главен актер на мечот беше најдобриот фудбалер во светот Лионел Меси.

Аргентинецот влезе во континутет и со игри и со голови бидејќи на трет меч по ред се запиша меѓу голгетерите и со вкупно девет гола го презеде врвот на листата на стрелците во МЛС. Ноќеска против Њу Ингланд погоди два пати, а потоа асистираше за уште два гола кои ги постигнаа Кремаски и Суарез.

Домаќините поведоа уште во првата минута преку Канселеј, но потоа на сцена стапи Меси кој буквално сам го однесе својот тим до триумфот. На последните четири натпревари, аргентинската суперѕвезда има ефект од шест гола и пет асистенции. Интер Мајами е убедливо најефикасен тим во лигата со 26 гола, пет повеќе од Лос Анџелес Галакси.