Сари: Азар понекогаш прави проблеми на тренинзите

Тренерот на Челси, Маурицио Сари тврди дека понекогаш Еден Азар изгледа незаинтересирано за време на тренинзите, затоа што е премногу талентиран и за него се е премногу лесно.

„Задоволство е да го имаше Азар во своите редови на натпреварите, но понекогаш за време на тренинзите тој е проблематичен затоа што е многу талентиран и понекогаш му е досадно. Во моментов тој е еден од најдобрите фудбалер во светот. Мислам дека може уште многу да напредува и да биде најдобар во Европа“, изјави италијанскиот тренер.