Санчо му обезбеди полуфинале на Дортмунд во германскиот Куп (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше против Борусија Менхенгладбах со 1-0 во четвртфиналето од германскиот Куп и така обезбеди пласман во полуфинале.

Германските екипи одиграа возбудлив натпревар, кој беше решен со само еден погодок, и тоа на Џејдон Санчо во второто полувреме, односно 66. минута. Тимот од Менхенгладбах потоа се обиде да стигне до израмнување, но не успеа во намерата.