Санчо е подготвен на голема жртва само за да се врати во Дортмунд

Џејдон Санчо имаше солидни настапи минатата сезона во Челси, но „сините“ не се договорија со Манчестер јунајтед за трансфер, па поради тоа англискиот фудбалер се врати на „Олд Трафорд“, каде што е во немилост на тренерот Рубен Аморим.

Санчо бара решение за неговата кариера, но проблем е големата плата од 16 милиони евра по сезона. Сепак, Англичанецот бил подготвен да направи отстапка само за неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд.

Германските медиуми пишуваат дека Санчо сака да се врати во Дортмунд, а притоа ќе прифати двојно помала плата, односно „само“ осум милиони евра.

Фото: Facebook/Chelsea FC