Само што потпиша, навивачите на Барселона веднаш почнаа да го „плукаат“ (ФОТО)

Откако Барселона и официјално го претстави Мартин Брајтвајт како најново засилување, овој играч веднаш предизвика гнев кај каталонските навивачи.

Пред неколку дена, на Барселона и беше дадено зелено светло за трансфер на нов напаѓач, па се одлучи да го донесе досегашниот играч на Легаљес, Мартин Брајтвајт.

дваесет и осумгодишниот напаѓач денес потпиша договор до 2024 година со откупна клаузула до 300 милиони евра, а одлучи да го носи дресот со  број „19“.

Само што стана фудбалер на Барса, навивачите на трофејниот клубови веднаш почнаа да го „плукаат“, а причина за тоа е една фотографија направена во минатото.

Поточно, овој напаѓач е фотографиран на мадридскиот плоштад „Порта дел Сол“ со маскотата Хомер Симпсон, која била облечена во дресот на Реал Мадрид.