Само Ридигер покажа класа - им се извини на навивачите на Бенфика! (ВИДЕО)

Многумина застанаа во одбрана на Винисиус жуниор, а тој по којзнае кој пат глумеше наивна жртва, но снимките кои кружат на социјалните мрежи флраат едно поинакво светло за инцидентот.

Голем дел од критичарите, но и соиграчите на Винисиус сметаат дека нема ништо лошо во начинот на кој Бразилецот го прослави голот.

Но, танцот на Винисиус не беше обичен, од некои видеа може да се види дека тој ги провоцираше навивачите на Бенфика и е главниот виновник за хаосот кој се случи.

Корнер знаменцето беше со логото на Бенфика, а тој играше провокативно смеејќи им се на навивачите кои тогаш почнаа да фрлаат со предмети кон него.

Дека танцот не беше нормален, може да се види и по реакцијата на Ридигер кој беше единствениот играч на Реал Мадрид кој им се извини на домашните навивачи за постапката на неговиот соиграч.