Салах се запиша во историјата на Премиерлигата (ФОТО)

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах продолжи со одличните настапи, па во триумфот од 4-3 против Кристал Палас, Египќанецот постигна два гола.

Салах на тој начин стигна до бројката од 50 погодоци во Премиерлигата. За таквиот учинкот му требаа 72 натпревари во најсилната англиска лига, а само тројца фудбалери во историјата биле побрзи од него.

Станува збор за Енди Кол, кој до бројката од 50 голови стигна за 65 натпревари, потоа Алан Ширер на кого му требаа 66 натпревари, додека Руд Ван Нистерлој стигна до истиот успех за 68 натпревари.

Интересно е тоа што Салах го дели четвртото место на листата со фудбалери, кои најбрзо стигнале до бројката од 50 голови, со поранешниот напаѓач на Ливерпул, Фернандо Торес.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Only three players have reached 50 Premier League goals faster than @mosalah ⚡

A post shared by Bleacher Report Football (@brfootball) on