Салах се сели покрај Црното море: Прифатил богата понуда од Турција
Поранешниот ас на Ливерпул, кој ова лето стана слободен агент, наводно се договорил за двегодишен договор со турскиот клуб. Се очекува да заработува околу 17 милиони евра по сезона, а со бонусите вкупната вредност на договорот може да достигне околу 22 милиони евра годишно. Останува да се финализираат уште неколку детали пред трансферот да биде официјално потврден.
Интерес за Салах претходно покажа и Бешикташ, кој дури имаше усмен договор со фудбалерот, но Трабзонспор во последен момент испрати значително подобра понуда и успеа да ја преземе иницијативата во преговорите.
Доколку трансферот биде официјализиран во наредните денови, тоа ќе биде едно од најголемите засилувања во историјата на турскиот фудбал, со оглед на реномето и богатата кариера на египетскиот голгетер.