Драма пред американската турнеја: Синер бил четири часа в болница поради болки во коленото

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер денеска поминал четири часа во специјализирана клиника во Милано поради помал проблем со десното колено, објавија италијанските медиуми. Според информациите, станува збор за превентивни прегледи со цел повредата целосно да биде санирана пред продолжението на сезоната.

Шампионот на Вимблдон бил придружуван од членови на својот стручен штаб, а по излегувањето од клиниката бил расположен и одвоил време да им подели автограми на навивачите кои го чекале пред медицинскиот центар.

Италијанецот и претходно беше забележан со заштитна лента на десното колено, а неговиот тим не сака да презема никакви ризици во пресрет на исклучително важниот дел од сезоната на тврда подлога. Синер е познат по тоа што редовно прави детални медицински контроли за да ја одржи оптималната физичка подготвеност.

Според планот, светскиот рекет број еден на 9 август треба да отпатува во САД, каде најпрво ќе настапи на Мастерсот во Синсинати, а потоа ќе ја брани титулата на последниот грен слем турнир во сезоната – УС Опен.