Промени за Вардар во ЛШ: Два натпревари добија нови термини!
Вардар информира дека домашниот меч од второ коло против Нант, кој се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне во 18.45 часот, наместо во 20.45 часот како што беше првично планирано.
Промена има и за гостувањето на „црвено-црните“ кај Висла Плоцк во четвртото коло. Дуелот кој беше закажан за 15 октомври, според новиот распоред ќе се игра еден ден порано од 18.45 часот.