Јунајтед потпиша богат договор со компанија која има забрана да биде на дресот!
Клубовите од Премиерлигата од оваа сезона нема да можат да промовираат обложувалници, но тоа не го спречи Манчестер јуанајтед да потпише рекорден договор со „Бетвеј“.
Забраната всушност се однесува за предниот дел на дресот за време на натпреварите, па „ѓаволите“ ја искористија дупката во правилата и го ставија „Бетвеј“ на тренинг опремата, како и рекламните паноа на Олд Трафорд.
Соработката е вредна околу 20 милиони фунти по сезона, односно повисока од било кој друг договор за тренинг опрема.