Утре е голем ден за иднината на Винисиус!
За утре е закажан состанок меѓу агентите на Винисиус и Реал Мадрид.
Кралскиот клуб нема намера да оди повеќе од последната понуда која изнесува 22 милиони евра годишно.
Винисиус бара 30 милиони евра годишно, но е подготвен да ги намали барањата.
Дел од важните луѓе во Реал Мадрид сакаат да Винисиус да биде продаден. Арсенал будно ја следи ситуацијата и им одговара ваквиот став.
Од утрешните разговори меѓу агентите на Винисиус и Реал Мадрид се очекува многу работи да станат јасни и да почне решавањето на иднинатата.