Салах го даде голот на сезоната, но тој повеќе беше воодушевен од вечерата (ВИДЕО)

Ливерпул вчера го совлада Челси со 2-0 во дербито на Премиерлигата, а Мохамед Салах го одбележа дуелот со фантастичен гол. 

Еѓипќанецот погоди од дваесетина метри, па Стив Мекманаман и Јан Рајт викнаа од возбуда во студиото на „Стар Спортс“, додека третиот водител Шеј Гивен повеќе беше заинтересиран за својата вечера и остана рамнодушен на голот. Поранешниот голман на Манчестер сити и Њукалс лабаво си продолжи да си јаде, иако Мекманаман и Рајт викаа од воодушевување.