Роналдо промаши цел гол од два метри, па го „изрешета“ Кротоне (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо немаше баш добар почеток на натпреварот против Кротоне бидејќи промаши цел гол од само два метри, но веднаш потоа се поправи и двапати ја затресе мрежата на гостите.

Роналдо во 28. минута успеа да го промаши невозможното, но затоа се поправи само 10 минути подоцна кога погоди за 1-0, а потоа во 45. минута стрелаше и за 2-0.