Роналдо му се „одмаздил“ на Сари поради замената во мечот против Милан
Роналдо беше заменет вторпат во серија, откако тренерот Маурицио Сари и против Локомотива Москва реши да го замени.
Португалецот го напушти теренот во 55. минута, по што замина директно во соблекувалната и не се поздрави со тренерот.
Италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо го напушти стадионот три минути пред крајот на дуелот, а уште не е познато дали добил дозвола за такво нешто.