Роналдо: Имам почит само за тројца фудбалери во Јунајтед
Роналдо го навреди клубот, па тренерот Ерик Тен Хаг, помладите фудбалери, а потоа кажа дека има почит само кон Диого Далот, Лисандро Мартинез и Касемиро.
„Од фудбалерите на Јунајтед имам почит само кон тројца. Далот е голем професионалец, иако е млад. Тој е паметен и интелигентен фудбалер. Можам да ги споменам и Мартинез и Касемиро за кои имам голема почит“, вели Роналдо.
Португалецот претходно ги навреди помладите колеги затоа што не сакале да прифатат совет од поискусните фудбалери на тимот.