Роналдо и Бензема можат да здивнат - Беневенто го има најлошиот тандем во нападот

Кристијано Роналдо и Карим Бензема се во најголемата голгетерска криза во своите кариера. Двајцата имаат постигнато по само еден гол сезонава во Ла Лига, што ги става меѓу најлошите напаѓачки тандеми во Европа. 

Бидејќи двајцата не навикнаа на многу голови во текот на изминативе сезони, а особено тоа важи за Роналдо, сега е многу чудно кога двајцата се споменуваат во контекст на најлошите напаѓачи во најсилните пет европски лиги.

Реално има и други тандеми кои постигнале само два гола во досегашниот тек од сезоната, но ниту еден од нив не е врвен калибар како Роналдо и Бензема. Сепак, овие двајца се подобри од само еден тандем, оној на Беневенто, кој има 13 порази на 13 натпревари во Серија А. Џамело и Кода имаат постигнато само еден погодок.

Само колку за илустрација двајцата резервни напаѓачи кои Реал Мадрид ги продаде ова лето Алваро Мората (Челси) и Маријано Дијаз (Лион), заедно имаат постигнато 17 голови. Можеби Роналдо и Бензема не се најлошиот напаѓачки тандем во Европа моментално, но дефинитивно се најлошиот во историјата на Реал Мадрид.

Ниту еден тандем во историјата на клубот до овој период во сезоната нема постигнато само два гола. Претходните рекорди беа три постигнати гола.