Роналдо е во страшна форма - пак стрелаше за победа на Јуве! (ВИДЕО)

Јувентус славеше со 2-1 против СПАЛ во 25. коло од италијанската Серија А, па така му избега на Лацио на четири бодови на табелата.

Кристијано Роналдо потврди уште еднаш дека се наоѓа во одлична форма и погоди за 1-0 во 39. минута од мечот, по што Арон Ремзи зголеми на 2-0.

СПАЛ не се откажа од борбата за бодови, па во 69. минута намали на 1-2, но не успеа да ги запре избраниците на Маурицио Сари.

Интересно е тоа што Роналдо на последните девет натпревари на коишто настапи постигна барем еден погодок, а последен дуел на кој не даде гол, иако играше беше тој против Лацио минатата година.

„Старата дама“ е прва на табелата со 60 бодови, Лацио има 56, а по нив следат Интер со 54 и Аталанта со 45.