Роналдињо се договорил: Ќе признае дека е виновен и ќе се врати во Бразил?

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Роналдињо и неговиот брат Роберто наскоро ќе бидат пуштени на слобода од страна на парагвајските власти откако нивните адвокати се договориле за да ја признаат вината.

Парагвајскиот јавен обвинител побарал затворање на истрагата против Бразилецот и во консултација со судијата било закажано последно сослушување на кое Роналдињо и неговиот брат ќе бидат ослободени.

За возврат, тие ќе признаат дека се виновни, односно фактот дека во Парагвај влегле со лажен пасош и ќе платат казна од 200.000 долари.

Според договорот, Роналдињо ќе може да патува и да го напушта Бразил кога ќее сака, но мора да ги предупреди парагвајсктие власти на тоа колку време ќе биде отсутен.