Рома нема да штеди за Анчелоти, подготвува голема понуда за Италијанецот!
Рома откако му даде отказ на Жозе Мурињо никако да се стабилизира кога се тренерите во прашање. Оваа сезона на клупата седнаа дури тројца.
Сезоната ја почна Де Роси, потоа пристигна Јуриќ, па сега е Раниери на кој му оди одлично, но тој е на функцијата само до крајот на сезоната.
Шпанскиот весник „АС“ тврди дека Рома подготвува голема понуда за Анчелоти со цел да го убеди да го преземе кормилото на римскиот тим.