Рома купи стопер од Аталанта, кој нема ниту еден настап во Серија А

Роџер Ибањез да Силва е нов фудбалер на Рома, кој доаѓа на 18-месечна позајмица од редовите на Аталанта. 

Стоперот има 21 година, а сезонава за тимот од Бергамо нема одиграно ниту еден натпревар во Серија А. Единствениот настап го забележа во рамки на Лигата на шампиони. 

Рома во договорот со Аталанта има клаузула за целосен откуп на договорот на Ибањез од 8 милиони евра. Аталанта исто така може да инкасира околу 2 милиони евра бонуси во зависност од настапите на фудбалерот, како 10 отсто од неговиот иден трансфер, доколку Рома го продаде пред 30 јуни 2024 година.