Рома и Милан преговараат за размена на фудбалери

Италијанските медиуми веќе подолго време најавуваат дека фудбалерот на Милан Сусо е пред заминување, па сега наводно калчолигашите Рома и Милан подготвуваат размена во која Шпанецот би се преселил во Рим, а во замена „росонерите“ би го добиле во замена Аргентинецот Хавиер Пасторе.

Римјаните се сериозно заинтересирани да го ангажираат Сусо, но Милан нема намера така лесно да се откаже од него и има откупна клаузула од 40 милиони евра, што е премногу за „волчицата“. Затоа и сега римскиот калчолигаш тргнал во поинакви преговори да го понуди Пасторе, кој лани дојде од Пари Сен Жермен, а остави сериозно добар впечаток на Апенините додека играше за Палермо.

Рома исто како и Милан го цени Пасторе на 40 милиони евра, па сега понудиле обична размена без никакви доплати. Останува да се види дали Милан е расположен да направи ваков договор. Инаку Пасторе беше желба на Милан пред неколку години, но тогаш ПСЖ бараше премногу пари, а лани Аргентинецот дојде во „вечниот град“ за 25 милиони.