Ројс збесна на новинар: Ми одиш на нерви со овие ср**а

Борусија Дортмунд ремизираше 2-2 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во рамки на Бундеслигата, откако Томас Дилејни си постигна автогол во самиот финиш од натпреварот. 

Капитенот Марко Ројс експлодираше на прашање на новинар околу менталитетот на тимот сезонава.

„Ми одиш на нерви со сето ова ср**е околу нашиот менталитет. Денеска? Израмнувачкиот гол беше поради нашиот менталитет? Не си сериозен“, одговори капитенот на Борусија.