Ристовски потврди дека останува во Лисабон: Јас секогаш ќе бидам тука – не мрдам!

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски останува во Спортинг Лисабон и тоа самиот преку социјалните мрежи го објави и покрај опцијата да замине во московски Динамо, кој беше сериозно заинтересиран, па и речиси договорен со португалските „лавови“ за трансфер.

Ристовски не е во плановите на Рубен Аморим, па после септемвриските репрезентативни мечеви беше тргнат од првиот тим и нема настап, но иако се појави опција за продолжување на кариерата во Динамо Москва, кој сакаше да го земе на едногодишен заем со опција за задолжителен откуп, сепак вакво нешто нема да се реализира.

Денеска португалските медиуми објавија дека во следните часови ќе се решава иднината на Ристовски, а тој само кратко порача.

„Јас секогаш ќе сум тука – не мрдам!“, објави македонскиот фудбалер.