
Ристовски ќе мора уште две недели да паузира пред да почне нормално да тренира!?
Ристовски се повреди на почетокот на јули уште на првиот тренинг во Австрија и оттогаш минаа 63 дена од неговата рехабилитација, која очигледно не е комплетна, пишува потругалскиот медиум, потенцирајќи дека проценките дека ќе биде во полн ритам после евроквалификациите не се остварија.
Првично беше најавено дека Ристовски на средина од месецов после завршувањето на третата рунда квалификации ќе се врати на тренинзите и многу брзо ќе се стави во конкуренција за настап на мечевите на Спортинг, особено што тој и досега тренира индивидуално и на одржување на физичката подготовка.
„На 8 јули Ристовски се повреди на првиот тренинг и првично се сметаше дека повредата не е така сериозна, ама испадна дека е компликувана. Тоа комплицирано сценарио сега продолжува после 63 дена, а макеоднскиот фудбалер и понатаму се бори со повредата. Иако се сметаше дека ќе биде во комбинација за првиот меч после репрезентативната пауза, излезе дека Ристовски ќе мора да паузира уште две недели пред да се врати во полн ритам на тренинзите. Веќе очигледно е дека неговото враќање на терените ќе биде во октомври“, пишува „о'Жого'“.
Ристовски поради повреда ги прескокна овие два меча за Македонија со гостувањата во Израел (1-1) и во Летонија (2-0), но неговото враќање на терените, ако се точни информациите на португалските медиуми, практично ќе се поклопи со стартот на подготовките за двата клучни претстојни мечеви на Македонија со Словенија во Скопје (10 октомври) и Полска на гости (13 октомври).