Ристовски е ептен малер: Судијата разбирал македонски, па добро му ги сфатил пцовките!

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски беше исклучен на послендиот меч против сетубал по нецел час игра, откако вербално го нападнал судијата Хелдер Малеиро.

И нормално Ристовси почнал да го пцуе Малеиро на македонски. Ама за жал, судијата разбирал сè што вели заменик капитенот на македонската репрезентација, па лесно сфатил што му вика и – го испратил на ладење. Малеиро ги разбирал пцовките и навредливите зборови,

Португалските медиуми најавиле дека бараат човек што разбира македонски за да може да се преведат зборовите кои Ристовски му ги кажал на судијата, ама наводно му рекол „лај*о од човек“. Сега поради ова, дисциплинската комисија може остро да го казни македонскиот репрезентативец.

Ристовски беше исклучен во 55-та минута на мечот со Сетубал, кој Спортинг го загуби, откако доби лакт во глава, но Малеиро не досуди ниту прекршок, по што македонскиот фудбалер збесна и соиграчите едвај го додржаа за да не направи и поголем проблем.